Уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието

21.09.2017 13:20 | KumanovoNews

Кумановската полиција утринава го уапси Игор Југ(47), еден од учесниците во нападот во Собранието на 27 април, потврди МВР.

Уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието

Југ е уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие во врска со настаните од 27 април.

„По наредба од 16 мај 2017 година на Основно Јавно Обвинителство Скопје во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија е приведено лицето И.Ј. (47) од Куманово поради основано сомневање за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие" казниво по чл.384 ст.1 од КЗ на РМ", соопштија од МВР.

Тој беше баран од МВР и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело, како и за кривично дело Разбојништво.

На Игор Југ му беше одреден притвор, но тој досега беше во бегство. Тој е осомничен дека во салата каде што беа тепани пратеници влегол со пиштол.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk