Уапсен кумановец осомничен за палење на куќата на неговиот татко

29.01.2024 19:15 | KumanovoNews

Кумановец е приведен во полицијата под сомнение дека предизвилак пожар во куќата на татко му.

Уапсен кумановец осомничен за палење на куќата на неговиот татко

„Вчера во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С. (47) од Куманово. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, сопственост на неговиот татко И.С.. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Од Противпожарната единица во Куманово соопштија дека вчера во 10.30 часот бил пријавен пожар во куќа во населбата Перо Чичо, а интервенцијата траела до 12:35 часот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk