Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Авди З.(47) од Куманово, кој се бара по потерница за издржување казна доживотен затвор, завчера е уапсен во Куманово.
Акцијата била спроведена во раните утрински часови, откако полицијата добила сознанија каде тој се наоѓа.
Приведениот е сторител на повеќе тешки кривични дела, меѓу кои убиства и обид за убиства.Во 2013 година го убил Зеќир Зечири(46) од Гостивар, а во 2003 година на патот Куманово - село Речица се обидел да го убие С.И. од Лојане. По неколку месеци пред Здравствен дом Куманово се обидел да го убие С.Н. од Куманово. Третото убиство во обид го извршил кај пругата во село Лопате во 2008 година. Во возилото кое го управувал А.И. од Куманово испукал 12 куршуми.
Во период од 1999 до 2008 година, Авди З. е кривично пријавуван за недозволено држење, изработување и трговија со оружје или распрскувачки материи, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, изнуда и злосторничко здружување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk