Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец, кој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна, вчера бил приведен од полициски службеници од СВР Куманово.
Станува збор за И.С.(29) од Куманово, кој е осуден на затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, по член 131 од Кривичниот законик.
И.С. бил спроведен до Казнено - поправната установа - Затвор Идризово ,за издржување на казната.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk