Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На автопатот Скопје-Тетово кај Карпалак, вчера претпладне бил уапсен стружанец кој се обидел да прошверцува мигранти од Блискиот Исток.
Според првичните информации, тој со комби кое било преполно со мигранти, бил забележан во Куманово, но кога полицијата се обидела да го сопре, избегал и се упатил кон Тетово.
По него тргнала и полициската патрола, која патот му го попречила на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Карпалак. Откакого совладале, заедно со мигрантите, бил приведен во полиција. Се работи на целосното расветлување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk