Уапсени девет лица во акцијата ќелија

06.08.2015 12:55 | KumanovoNews

Во операцијата “Ќелија” уапсени се 9 лица осомничени за организирање и врбување на припадници за паравоените формации на Блискиот Исток, а 27 се недостапни.

Уапсени девет лица во акцијата ќелија

Дел од уапсените се повратници од Сирија, на возраст од 19 до 45 години. Собирањето на доказите започнало во септември 2014 и траело до јули годинава. Извршен е претрес во 28 објекти, од кои 21 се во Скопје, четири во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга. Претресувани се домови, помошни простории на џамијата Тутунсус, како и во хуманитараната организиција „ Искра на милоста“ и невладината организација  „Исламска младина на Сарај“.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков нагласи дека 20-тина од осомничените најверојатно се наоѓаат на боиштата во Сирија и дека во акцијата е уапсен и имам од Скопје.

“Според она што е обезбедено како доказ, имамот го сметаме за еден од идеолозите за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоени организации во кризните земји“ - изјави Чавков.

Акцијата “Ќелија“ се спроведува за да се спречат можни безбедносни ризици од овие групи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk