Уапсени двајца кумановци осомничени за кражба во продажен објект

24.04.2021 20:46 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска во 10 минути по полноќ, ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.

Уапсени двајца кумановци осомничени за кражба во продажен објект

При личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Предметите и парите биле вратени на сопственикот.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk