Уапсени инкасанти на Романовце

01.12.2011 11:28 | KumanovoNews

Осум  лица од Куманово, вработени на наплатната рампа Романовце, утрово биле спроведени во кумановската полиција во акција на Министерството за внатрешни работи.

Уапсени инкасанти на Романовце

Од полицијата неофицијално дознаваме дека вработените во јавното претпријатието „Македонија пат„ биле задржани кај нив извесно време, а потоа биле пренесени во Основниот суд Скопје.

Акцијата почнала уште рано утрово околу пет часот, најверојатно како продолжение на големата акција “Змиско око“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk