Уапсени лица барани со меѓународна потерница

14.09.2018 09:14 | KumanovoNews

Кумановската полиција приведе две лица од липковско, барани со меѓународна потерница за издржување на затворска казна.

Уапсени лица барани со меѓународна потерница

Од слобода се лишени С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од с.Руница, општина Липково. За С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: убиство во обид и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово. За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело убиство во обид и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk