Уапсени мигранти кои патувале со автобус од Куманово во Скопје

05.10.2018 08:55 | KumanovoNews

На меѓуградската автобуска станица во Скопје, вчера во 13 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово.

Уапсени мигранти кои патувале со автобус од Куманово во Скопје

По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.

Со лицата бил извршен разговор, по што  биле предадени во Прифатниот центар за странци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

                                                                                               (фото-архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk