Уапсени полицајци од Кратово - правеле журка во Куклица

03.06.2020 19:03 | KumanovoNews

 Во Кратовската полиција синоќа околу 21 часот било пријавено дека полициски службеници прават забава во с.Куклица,  пришто не ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.

Уапсени полицајци од Кратово - правеле журка во Куклица

„Веднаш  се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност. Тие биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk