Убиен полицаец со нож во Средорек

30.07.2016 22:01 | KumanovoNews

Полицаец вечерва е убиен во населбата Средорек, кога се обидел да приведе маж кој извршил семејно насилство.

Убиен полицаец со нож во Средорек

 Убиството се случило околу 22.30 часот кога насилникот со нож го повредил полицискиот службеник во грбот.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово вечерва врши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили, соопштуваат од ОЈО.

Пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош.

Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk