Убиено момче на свадба во Липково

26.07.2017 08:41 | KumanovoNews

 Б.Х. (19) од Германија е убиен синоќа на семејна веселба во селото Липково. 

Убиено момче на свадба во Липково

Трагедијата се сличила синоќа околу 23 часот во дворот на куќата каде се одржувала свадбата. Во еден момент еден од гостите извадил пиштол и испукал повеќе куршуми, од кој еден завршил во градите на момчето.

Семејството однело несреќното момќе во Кумановската болница во 23.30 часот, каде лекарите само констатирале смрт. Телото е предадено на обдукција.

Против лицето кое пукало од пиштол ќе биде поднесена кривична пријава, убиство од небрежност.

Б.Х. со своите родители живеел во Германија, а биле по потекло од Прешево Србија, а дошле на семејна веселба во Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk