Убиство во Крива Паланка

19.04.2010 19:11 | KumanovoNews

 Сaњa Јовановска (25) од Крива Паланка, попладнево била убиена од нејзиниот невенчан сопруг Бранко Петровски во центарот на градот. Крвавата пресметка се случила во 15.40 часот,откако  заедно излегле од Центарот за социјални работи.

Убиство во Крива Паланка

 Тогаш Бранко извадил пиштол и испукал два куршуми кон неа и ја погодил во главата и телото. Од задобиените повреди жената веднаш починала.

 Бранко си заминал од местото на убиството и се предал во полиција. Увид извршиле полициско-судски екипи, а телото е предадено на обукција.

Според полицијата невенчаните сопружници во последните две години не живееле заедно, а нивните три деца биле сместени во друго семејство. Која е причината и мотивот за убиството се очекува да кажат социјалните работници и полицијата, откако ќе го заврши распитот на Петровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk