Учебната година ќе трае до 17 јуни, ќе има пролетен распуст од 29 април до 5 мај

26.07.2023 12:41 | Сузана Николиќ

Учебната година и понатаму ќе почнува на 1 септември, а ќе трае до 17 јуни. Од новата учебна 023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). 

Учебната година ќе трае до 17 јуни, ќе има пролетен распуст од 29 април до 5 мај

Владата, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

„Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, вели МОН.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk