Ученици од “Бајрам Шабани“ во посета на Општината

01.04.2014 10:52 | KumanovoNews

Ученици од основно училиште “Бајрам Шабани“ денеска ја посетија Општина Куманово да се запознаат со работата на локалната самоуправа.

Ученици од “Бајрам Шабани“ во посета на Општината

Учениците и наставниците ги прими градоначалникот Зоран Дамјановски и им објасни како функционира локалната администрација и Советот на општината.

Куманово е најголема општина во Македонија со скоро 120.000 жители. Имаме 22 училишта и 25.000 ученици. Градоначалникот и локалната самоуправа работат за градот да биде поубав, подобар и поразвиен. Јас сум трет мандат градоначалник и ќе се обидам да направам што подобри услови за живот и соживот во градот - изјави Дамјановски.

Учениците прашаа дали ќе се реши сообраќајниот хаос пред нивното училиште, на што градоначалникот одговори дека многу скоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk