Ученици од Дује во посета на Куманово

06.04.2015 13:05 | KumanovoNews

Ученици од францускиот град Дује, од 17 до 24 април ќе бидат во посета на Гимназијата “Гоце Делчев“.



Ученици од Дује во посета на Куманово

Учениците ќе бидат сместени кај нивните врсници и ќе одат на часови во Гимназијата.

“Гостите ќе останат Куманово една недела. Се работи за 14 ученици и 3 професори. Ја подготвуваме агендата и ќе ги одведеме да ги прошетаме некаде во Македонија. Наши ученици и професори во ноември лани беа кај нив, а сега ние сме нивни домаќини“ - вели Милена Денчевска, професор по француски јазик во “Гоце Делчев“.

Соработката со училиштето од Дује трае веќе три години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk