Ученици од Италија на гости во Куманово

01.11.2010 15:08 | KumanovoNews
Ученици и професори од гимназијата „Касталдо Апостинели„ од италијанскиот град Чеље Масапика од областа Пуља една недела престојуваат во Куманово.
Ученици од Италија на гости во Куманово

 Посетата на  17 италијански гимназијалци е по повод шестгодишнината од соработка и збратимувањето со гимназијата „Гоце Делчев„.Гостите од Италија ќе посетат повеќе познати културно-историски локалитети во регионот, а планирано е да заминаат и на дводневна екскурзија во Охрид.

За време на престојот гостите ќе се запознаат со нашиот град, како и со културата и традицијата, ќе посетат и повеќе значајни настани, како што се културни манифестации, спортски натпревари и локалните институции. Ние веќе шеста година соработуваме со италијанската гимназија и нашите ученици, одат во посета на тој начин се доближуваат двете култури -  вели професорката Кети Димковска.

Гостите од Италија денска беа на прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски кој им посака пријатен престој во Куманово, а на претставниците од италијанската гимназија им додели монографии за Куманово.

Морам да признам дека моето доаѓање за прв човек на градот се поклопи со соработката меѓу двете училишта. Таа секоја година е се поинтензивна и појака. Локалната самоуправа секогаш давала подршка на овие пријателства, бидејќи вие сте иднината на нашите земји- рече градоначалникот Дамјановски.

Заблагодарувајќи им се на домаќините за топлото добредојде и одличниот прием, директорот Ѓузепе Маца посака Македонија што побрзо да стане дел од европското семејство.

Гимназијата „Гоце Делчев„ по повод празникот на градот 11 Ноември, викендов го посетиле и  стотина ученици од гиманазијата „Светозар Марковиќ„ од Ниш.

Тоа е дел од нашата меѓународна соработка со партнерите и училиштата надвор од нашата земја. Преку проекти со гиманзиите во текот на годината организираме меѓусебни посети.Во рамките на овој проект имаме повеќе спортски активности, издавање на весник, запознавање со историјата и литературата и изучување на италијанскиот јазик.Тоа е можност децата да се дружат и да разменат одредено искуство - рече директорот Љубиша Николиќ.  

Учениците се сместени во домовите на учениците од гимназијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk