Ученици од “Киро Бурназ“ наградени на “Лидер во својата струка“

30.11.2015 13:18 | KumanovoNews

Ученици од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ минатата недела земаа награди на натпреварот “Лидер во својата струка“, кој го организира Центарот за стручно образование.

Ученици од “Киро Бурназ“ наградени на “Лидер во својата струка“

Од земјоделско ветеринарна струка во профилот техничар за фармерско производство, учениците земаа прво и второ место на натпреварот во Свети Николе. Учениците од профилот прехранбен техничар освоија четврто место на ниво на струката, на натпреварот кој се одржа во Прилеп. Од училиштето се задоволни од резултатите и успехот кој го постигнаа учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk