Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од основното училиште “Кочо Рацин“ се наградени на ликовен и литературен конкурс на детското списание “Наш свет“.
Второ место за поетска творба доби осмооделенката Сара Ѓеорѓиевска, Бобан Стошиќ трето место за ликовна творба, а Елена Симоновска доби пофалница.
Наградите деновиве ги примија на саем во Скопје. Учениците и професорите се задоволни од успехот бидејќи имало учесници од цела Македонија на конкурсот распишан од “Наш свет“ и организацијата за доделување на наградите беше на високо ниво - вели Драгиша Цветковиќ, директор на “Кочо Рацин“.
На саемот присуствуваа голем број ученици од училиштето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk