Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“, денеска беа домаќини на нивните врсници од збратименото училиште “Коле Неделковски“ од Велес.
Учениците од двете училишта се натпреваруваа во фудбал, а електро активите разменија искуства за начинот на кој се изведува наставата.
На работната средба ќе разговараат како се одвива наставата таму и овдека. Пред се целта е дружење, запознавање и создавање на нови пријателства помеѓу учениците и наставниците. Тука се опфатени сите и Македонци, Срби, Албанци, сите се заедно другаруваат и откако ќе заврши спортскиот натпревар децата ќе прошетаат низ градот за да го запознаат Куманово - изјави Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.
Двете технички училишта соработуваат од почетокот на оваа учебна година и кон крајот на мај ученици од “Наце Буѓони“ ќе го посетат училиштето “Коле Неделковски“.
- Тогаш ќе имаме промоција на туристички водич кој што се изработува заеднички. Таа промоција ќе биде во нашето училиште и ние ќе ги пречекаме учениците. Засега соработката е прекрасна, учествувавме во повеќе заеднички активности и денеска имаме две активности. Се надевам дека со соработката ќе продолжиме како и досега - вели Валентин Елисковски, директор на “Коле Неделковски“.
Овие училишта претходно организираа заедничко одбележување на верски празници со цел децата подобро да се запознаат меѓу себе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk