Ученици од Крушевац на гости кај гимназијалците

05.11.2014 09:44 | KumanovoNews

Ученици и професори од училиште од српскиот град Крушевац на 9 ноември ќе пристигнат во Куманово и ќе бидат гости на Гимназија “Гоце Делчев“.

Ученици од Крушевац на гости кај гимназијалците

Српските средношколци во Куманово ќе останат три дена.

“Нивната посета ќе се поклопи со празничните активности за 11 Ноември. Учениците ќе престојуваат кај наши  ученици. Кокино тие досега не го посетиле, така што планираме да ги одведеме таму и во Скопје“ - рече Горан Димитријевиќ, директор на Гимназија “Гоце Делчев“.

Училиштето од Крушевац има повеќе образовни профили и повеќе од две години соработува со Гимназија Гоце Делчев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk