Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од Техничкото училиште „Наце Буѓони“ од Куманово, заедно со партнерските училиште католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник – Р.Босна и Херцеговина, економското-трговско училиште од Кикинда - Р.Србија, започна со имплементација на проектот „ # 3 for Eco“ финансиски поддржан од програмата на RYCO.
- По тој повод минатата недела во Травник присуствуваше делегација од училиштето од Куманово, на церемонијата за потпишување на меморандумот за соработка меѓу трите училишта. Проектот има за цел преку мобилност на младите од трите држави со одредени активности да допринесат во зачувување на нашата планета Земја. Во месец март ќе бидат спроведени активности во Куманово, во мај во Кикинда и во јули во Травник. Проектот ќе трае 7 месеци, - изјави Лидија Илиевска, од ОСТУ„Наце Буѓони“.
На настанот присуствувале амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина Екрем Ебиби, преставник на секретеријатот при амбасадата Ристе Велковски и градоначалникот на Травник Адмир Хаџиемриќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk