Ученици од “Наце Буѓони“ ќе мерат притисок и шеќер

07.10.2013 11:24 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад утре во 10 часот притисок и шеќер во крвта на граѓаните ќе им мерат ученици од медицинските паралелки во “Наце Буѓони“.

Ученици од “Наце Буѓони“ ќе мерат притисок и шеќер

Настанот се организира по повод Светска недела на движење.

 Здравствената група ученици, медицински сестри под менторство на своите наставници ќе имаат штандови на кои граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, шеќер (гликемија) и да се забавуваат со спортско рекреативните вежби, а потоа да ни се придружат  во 11 часот на прошетка до Градскиот кеј - вели професор медициска сестра Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.

Слични активности имаше и лани на теренот зад Техничкото училиште “Наце Буѓони“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk