Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесет ученици од здравствената струка од “Наце Буѓони“ заедно со нивните професори ја посетија кардиохирургија “Филип втори“ во Скопје по повод Светскиот ден на медицинските сестри.
Тие имаа можност да се запознаат со персоналот и современите апарати со кои располага болницата.
Бевме навистина презадоволни од она што можевме да го видиме во специјалната болница за хируршки болести “Филип втори“. Од нивна страна бевме срдечно примени и ни беше објаснето како функционира медицинскиот персонал, односот со пациентите и опремата со која располага болницата. Одговорните сестри несебично ни го пренесоа своето искуство - вели Марко Кушински, ученик.
Болницата ја посетија ученици од македонските и албанските паралелки од “Наце Буѓони“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk