Ученици од „Наце Буѓони“ презентираа проекти пред претседателот Иванов

20.11.2015 10:04 | KumanovoNews

Учениците од техничкото училиште „Наце Буѓони„ неодамна беа повикани од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, поради активно учество на државните натпревари и поради освоени први места .

Ученици од „Наце Буѓони“ презентираа проекти пред претседателот Иванов

По повод „Ден на науката“ беше организирана изложба во Народна канцеларија на претседателот во Скопје, во организација на Народна Техника на Македонија.

Нашите ученици со најуспешните трудови од оваа година, Милан Поповски со проектот „Мешалка на прехранбени бои“ со менторот Александар Цветков и Дамјан Петровски со проектот „Модел на Холограм“ под менторство на Катерина Ѓорѓиевска, со големо задоволство ги презентираа своите трудови пред претседателот - велат од “Наце Буѓони“.

Настанот имаше повеќе од 600 посетители од Министерството за образование и наука, ученици и наставници од основни и средни училишта во Македонија, како и љубители на науката и техниката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk