Ученици од „Наце Буѓони“ во посета на болницата

18.09.2015 10:23 | KumanovoNews

Учениците од медицинската струка од средното училиште “Наце Буѓони“ денеска ја посетија Општа болница Куманово и Здравствен дом Куманово, за да се запознаат со работните задачи на здравствените работници.

Ученици од „Наце Буѓони“ во посета на болницата

Посетата на овие установи е во рамки на практичната настава и се реализира секоја учебна година.

Учениците се запознаваат со работните задачи на медицинската сестра и карактеристиките на самото одделение. Ова традиционално го правиме секоја година според нашата програма за работа. Секако дека е многу корисно за учениците бидејќи се запознаваат со работните задачи, со она што во иднина ќе го работат - вели Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по практична настава во „Наце Буѓони“.

До крајот на оваа учебна година учениците ќе ја посетат Специјалната психијатриска болница во Демир Хисар и уште една болница во земјава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk