Ученици од „Наце Буѓони“ втори на МАКИНОВА

19.10.2015 10:23 | KumanovoNews

Ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“ освоија две втори места, за проекти кои минатата недела беа презентирани на меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА во Скопје.

Ученици од „Наце Буѓони“ втори на МАКИНОВА

Се работи за проектите “Мешалка на обоени раствори” на ученикот Милан Поповски со ментор Александар Цветков и “Модел на Холограм” на Дамјан Петровски со ментор Катарина Ѓорѓиевска.

Учениците вложија особен труд при изработка на самите проекти, а ние како ментори само ја насочувавме нивната енергија и помагавме при развивање на идејата - рече Катерина Ѓорѓиевска, професор во “Наце Буѓони”.

„Наце Буѓони“ и овој пат имаше добри резултати на саемот за иновации, и во тешка конкуренција на 50 пријавени учесници, учениците добија 2 втори места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk