Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од средното училиште „Перо Наков“ денеска ја изведоа претставата „Љубовта е вечна“ за корисниците на Дневниот центар за лицата со попреченост „Порака наша“.
Претставата е спој од сцени од „Бегалка“, „Печалбари“, сцени од денешното време, а во неа учествуваат десетина ученици. Оваа претстава беше прикажана за патронатот на училиштето, а понатаму ќе биде подготвена претстава со членови на „Порака наша“.
Целта е да се пренесе таа порака дека љубовта е вечна и љубовта победува сè. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со соработката и планираме заеднички проект, претстава во која ќе бидат вклучени наши ученици и децата од “Порака наша“. Се надеваме да го реализираме проектот, планираме да ја прикажеме, дали ќе биде тоа театар, училиште - изјави Фросина Милошевска, професор по македонски јазик.
Николај Павловски учествува во драмската секција и го глумеше Кемал Ататурк во претставата.
За оваа година ова ми беше прва претстава. Го играм Кемал Ататурк, односно извадок од “Балканот не е мртов“ заедно со мојата партнерка Елени Каринте односно Кристина. Претставата е кратка, ја дававме за време на патронат, активно работиме - рече Павловски.
Милена Стојановска, ученичка во истото училиште ја играше Ленче Кумановче во сцена од “Бегалка“ и вели дека месец дена ја подготвувале претставата.
Од “Порака наша“ се заблагодарија за изведбата на учениците од “Перо Наков“.
Се надевам дека во иднина и другите институции ќе ни обрнат внимание или ќе нè вклучат во вакви настани - рече Дејан Стојановски, педагог во „Порака наша“.
Тој вели дека ваквите настани придонесуваат за социјализација на корисниците на „Порака наша“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk