Ученици од “Професор Мијалковиќ“ наградени на Домијада

29.05.2014 07:42 | KumanovoNews

Учениците од Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ пред неколку дена на Домијада во Струга освоија неколку награди.

Ученици од “Професор Мијалковиќ“ наградени на Домијада

Второ место во пинг - понг зема женската екипа, трета во пинг понг е машката екипа и во шах машката екипа освои трето место.

- Пред натпреварувањето учениците се подготвуваа со секојдневни тренинзи, по што се вршеше класификација и најдобрите четворица од секоја дисциплина се натпреваруваа на Домијада. Ова за нас е успех, но и мотивација да продолжиме во наредниот период да работиме уште поинтензивно – вели Дејан Ивановски, воспитувач и професор по физичка култура.

Оваа година на Домијада учествуваа дванаесет ученика од Куманово.Домијада е државен спортски натпревар кој се оддржува повеќе од две децении.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk