Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матуранти од општините Куманово, Липково и Крива Паланка денеска почнуваат со полагање на државна матура во средното училиште “Перо Наков“.
Се работи за ученици кои во јуни не положиле, и сега полагаат во августовска сесија. Учениците денеска полагаат македонски и албански јазик.
“Ние сме домаќини овие четири дена на учениците од регионот. Тоа се ученици кои “паднале“ во јуни и се надеваме дека сега ќе положат. Утре ќе полагаат странски јазици, задутре математика, а потоа изборните предмети. Полагаат ученици од кумановските училишта, од “Исмет Јашари“ од Липково и “Ѓорче Петров“ од Крива Паланка“-вели Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.
Процесот на полагање на државна матура го следат од Просветен инспекторат, од Биро за развој на образование, и секако присутни се тестатори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk