Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици и професори од Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија и Италија, седум дена ќе престојуваат во Куманово преку проектот Еразмус плус.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше прием за гостите.
„Горд сум што денеска толку многу млади луѓе се гости на Куманово. Учениците ќе останат до петок,ќе имаат можност да разменат искуство и ќе соработуваат, на некој начин тие пријателства можеби ќе дадат повод за натамошните активности и продлабочување на соработка со сите овие земји“-изјави Дамјановски.
Домаќин e средното училиште „Сами Фрашери“ од Куманово, кои е дел од европскиот проект за зајакнување на претприемничките вештини. Целта на проектот е младите да се стекнат со работни вештини и веднаш да се вклучат на пазарот на трудот.
Проектот е финанасиран од Европска унија и трае три години, а посетат на Куманово е дел од завршната сесија. Во изминатиот период се реализирани посети на учениците и професорите во сите земји учеснички во проектот.
„Имаме можност нашиот град да го претставиме како што треба со мултикултура, мултијазичност и вештини. Проектот почна во Куманово и тука ќе завршиме.Се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме, бидејќи нашите ученици досега беа одлични, ја претставија Македонија, особено Куманово. Не прави нас горди граѓани на Македонија само треба да тргнеме на овој пат и да стигнеме до целта која ни е Европска Унија„ - изјави Африм Алити, координатор на проектот професор по англиски јазик во „Сами Фрашери“.
Триесетината ученици и десетина професори ги поздрави и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Учениците ќе ги посетат културно-историските споменици во околината на Куманово, Скопје и Тетово. Во петок во нивна чест ќе се одржи концерт на културно-уметничките друштва:„Панче Пешев„, „Бајрам Шабани“, „Српски вез“ и „Рушит Шакир“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk