Ученици од “Вук Караџиќ“ и “Дитурија“ заедно на фолклор

18.02.2014 08:16 | KumanovoNews

Учениците од основните училишта “Вук Кaраџиќ“ и “Дитурија“ од с.Липково заедно подготвуваат фолклорни точки.

Ученици од “Вук Караџиќ“ и “Дитурија“ заедно на фолклор

Во сабота имаа проба и вежбаа македонски и албански песни и ора. Вклучени се ученици од нижите и вишите одделенија, и момчиња и девојчиња. Заедничка приредба и презентација  ќе има кај нас во април, а ние кај нив одиме во октомври - вели Надица Петровска, директорка на “Вук Караџиќ“.

Двете училишта соработуваат во рамки на проектот за мултикултурно образование.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk