Ученици од земјоделска на пракса во Ново Место

30.09.2010 12:58 | KumanovoNews

 Практичната настава за земјоделско-ветеринарната струка ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Центарот за биотехника и туризам во Ново Место.

Ученици од земјоделска на пракса во Ново Место

Ученици од земјоделското училиште „Киро Бурназ„ ќе одат на пракса во  Словенија, заедно со други двесетина ученици од 7 училишта во државата. Практичната настава за земјоделско-ветеринарната струка ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Центарот за биотехника и туризам во Ново Место.

Веќе традиционално околу 25 ученици и троица наставници од земјоделските училиштето од Македонија заминуваат на практична обука во земјоделското училиште во Ново Место.Целта е да се стекнат со вистинско практично искуство во услови какви што ние за жал сеуште неможеме да си ги  дозволиме, а истовремено да се развиеи подобри меѓусебната комуникација и соработка со учењниците- вели директорот Горан Јовановиќ.

Учениците тргаат на практичната настава во сабота, а сите патни и трошоците за престој ќе им бидат покриени од тамошната Општина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk