Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“ заедно со учениците од “Коле Неделковски“ од Велес подготвија туристички водич во кој ги презентираат убавините на своите градови.
Во водичот има информации за Кокино, Зебарњак, црквите и знаменитостите во кумановско.
- Во петок одиме во посета на “Коле Неделковски“ во Велес и ќе го промовираме туристичкиот водич за двата града. На негова подготовка учениците работеа во второто полугодие. Со нас ќе одат 14 ученици од машински актив бидејќи претходно имаше средба меѓу ученици од електро струка - рече Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.
По промоцијата во Велес, водичот ќе биде промовиран и во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk