Ученици сликаа за својот град

02.11.2018 21:39 | KumanovoNews

Шеесетина ученици од основните училишта вчера цртаа и сликаа за својот град.

Ученици сликаа за својот град

 Центарот на култура организираше ликовна работилница „Насликај го својот град“, по повод Денот на ослободувањето на Куманово-11 Ноември.

- Задоволни сме од одзивот и бројката на деца. Дел од нив се дојдени по препорака на своите професори по ликовна уметност, а останатите се пријавија сами на нашиот повик. Сакаме да ја развиеме креативноста на децата, да дојдат и со нашите ментори да сликаат, а пред се да поминат убави 3-4 часа во нашата институција. По завршување на работилницата ќе има прогласување на победниците, а најдобрите ќе добијат награди, - изјави директорот Сашо Тодоровски.

  Со учениците работеа ликовните соработници Зоран Арсовски и Ранда Фазлиу, а прибор за сликање обезбеди организаторот.

Ваква работилница се организира по втор пат откако на првата имаше голем одзив од учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk