Ученици со велосипеди на Ден без автомобили

22.09.2015 12:34 | KumanovoNews

Триесетина ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска го одбележаа Денот без автомобили, со ревијално возење велосипед на булеварот “Октомвриска револуција“.

Ученици со велосипеди на Ден без автомобили

Од општина Куманово велат дека возењето велосипед или користењето на јавен превоз, значително ќе го намали загадувањето на околината. Овој настан го организираат за прв пат, но во иднина одбележувањето на Денот без автомобили ќе биде традиционално.

Сепак имаме паметен избор за сообраќај. Доколку се користат алтернативни превозни средства, како велосипеди или користиме јавен градски превоз не само што придонесуваме за намалување на загадување на животна средина, туку и за намалување на бучава и заштеда на нашиот семеен буџет и буџетот на Република Македонија - изјави Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина во општина Куманово.

Бојковски се надева дека во градот ќе се направат велосипедски патеки, со што граѓаните побезбедно ќе можат да возат велосипеди. Учесниците на ревијалното возење кажаа дека често возат велосипед.

Секојдневно возиме велосипеди затоа што не ја загадуваат околината. Здраво е да се вози велосипед и ни помага за развојот. Јас учествував и на републички натпревар за возење велосипеди - рече Матеја Зафировска, ученичка во 6-то одделение во „Браќа Миладиновци“.

Оваа активност е во рамки на Европската недела за мобилност, која ја одбележуваат Министерството за животна средина, Делегацијата на ЕУ и Инфо точките на Европската комисија заедно со општините.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk