Ученици возеа ролери за помош на болно дете

05.05.2011 12:18 | KumanovoNews

 Волонтерите од Црвениот крст и Училишниот сојуз на спортови од Куманово денеска организираа спортско-хуманитарно натпреварување во возење на ролери.

Ученици возеа ролери за помош на болно дете

На натпреварувањето учествуваа педесетина ученици од 9 основни училишта во градот.

Секој натпреварувач за да земе учество уплаќа симболични 30 денари, и со тоа донира сретства кои ги собираме за едно болно дете. Учесниците ќе возат ролери во неколку дисциплини,а најуспешните тројца ќе добијат награди: книга, ранец со логото на Црвен крст и маичка - вели Сања Стојмановска, координатор на младите волонтери.

   Натпреварувањето во возење ролери се организира 5 година по ред, како дел од кампањата за „Посреќно детство„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk