Учениците ќе чистат за Денот на пролетта

21.03.2011 09:24 | KumanovoNews

 По повод денот на пролетта, 21-ви март, само основните и средни училишта во градот, денеска организираат акција за чистење на  дворовите. Во акцијата ќе земат учество и екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„, кои ќе го изнесува и депонира сметот.

Учениците ќе чистат за Денот на пролетта

 Други активности по повод Денот на пролетта нема. Од локалната самоуправа и невладиниот сектор, не организираат масовни акции за чистење и пошумување, со кои ќе се мотивираат граѓаните да дадат свој придонес за здравата и чиста животна средина. „Зелено Куманово-снага на природата„ убаво звучи само на хартија, додека поголемиот дел од зелените површини во градот ни се уништени, а на секој агол никнуваат диви депонии. Лошата навика на граѓаните дека тие треба да растураат, а некој друг да собира  никако да се смени. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk