Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 7 април - Денот на здравјето, учениците од средното училиште “Наце Буѓони“ во понеделник на Градскиот плоштад ќе мерат шеќер во крвта и притисок на граѓаните.
Во периодот од 11 до 12 часот ќе биде организиран “Хепенинг на здравјето“ во рамки на кој ученици од здравствената струка на граѓаните ќе им мерат притисок и шеќер во крвта. Во 12 часот тие ќе се упатат кон Градски кеј каде ќе има музички и спортски активности. Ќе бидат вклучени во активностите ученици кои следат настава на македонски и албански наставен јазик- велат од училиштето.
“Градиме мостови“ е заеднички проект на Министерството за образование, Мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Швајцарија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk