Учениците да аплицираат за стипендиите на МОН

03.11.2015 13:19 | KumanovoNews

Учениците до 15 ноември можат да аплциираат за стипендиите кои ги доделува Министерството за образование и наука, а резултатите ќе бидат објавени на 14 декември.

Учениците да аплицираат за стипендиите на МОН

Ќе бидат доделени 745 стипендии кои се поделени во 6 категории. Станува збор за стипендии  за социјална поддршка на учениците, за ученици со статус на деца без родители, стипендии за ученици со посебни потреби, за талентирани ученици спортисти, за талентирани ученици, и стипендии за ученици од угостителско - туристичката струка.

Од нив 400 стипендии  се наменети за социјална поддршка на учениците. Условите кои треба да ги исполнат е да имаат успех во текот на школувањето од најмалку 4,00. При доделувањето на овие стипендии, предвид ќе се земе и материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот, како и евентуално добиените награди од на државни или меѓународни натпревари. Висината на паричниот надомест е 2.200 денари месечно кои ќе ги земаат во текот на 9 месеци. Повеќе инфромации за стипендиите заинтересираните можат да најдат на веб страната на ресорното министерство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk