Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци и на семафорите, да не претрчуваат преку улица, се само дел од поуките кои ги добија првачињата на почетокот на учебната година.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, на првиот училишен ден од новата учебна 2022/2023 година ги посетија основните училишта на подрачјето на општина Куманово, во рамки на проектот „Безбедни училишта“. При тоа, како и секоја година полициските службеници им посакаа успех и безбедна учебна година на сите ученици, а во непосредните разговори со учениците им беа презентирани низа важни сообраќајни поуки, како и сообраќајните правила и прописи чие што почитување е од пресудна важност во остварувањето на безбедноста во сообраќајот.
„На децата особено им беше укажано за нивната обврска за почитување на сообраќајните правила и прописи како пешаци, односно безбедно движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци, и на семафорите. Исто така, од страна на полициските службеници беше остварена средба и со одговорните на училишните тимови за безбедност и директорите во училиштата, каде беше разговарано за продолжување на заедничката соработка во натамошниот период, а во рамки на проектот „Безбедни училишта“, соопштуваат од МВР.
Сообраќајна култура е предуслов за безбедни ученици, кои со почетокот на учебната година се најчести пешаци на кумановските улици.
О. Пешевска
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk