Учениците го честитаа празникот на градот

07.11.2014 10:18 | KumanovoNews

Ученици од основните училишта денеска ја посетија општината Куманово и на градоначалникот му однесоа скулптура, по повод 11 ноември - Денот на ослободувањето на Куманово.

Учениците го честитаа празникот на градот

Скулптурата на Калиопи - божицатa на епската поезија ја избработија на ликовна колонијa, која ја организираше Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово.

Традиционално секоја година доаѓаме на овој ден, го поздравуваме нашиот градоначалник и му го честитаме празникот во име на сите ученици во градот“ - изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово.

Учениците ги прими секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска, која се заблагодари на подарокот и празничната честитка.

“Имаме бројни прослави за одбележување на празникот. Вие сте иднината на нашиот град, генерации на кои ќе се потпреме и ќе треба некои од вас или од вашите блиски другарчиња да го водат градот и да придонесат во развојот на се поубаво и поцивилизирано, модерно живеење“- рече во поздравното обраќање Алексовска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk