Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велигденска прослава денеска се одржа во основното училиштe „Браќа Миладиновци“, како дел од проектот Безбедни училишта, која ја реализира Отсекот за превенција при СВР Куманово.
Денеска презентиравме дел од православните обичаи, нашата традиција, кулутра сето она што во некои сегменти е различно и што не одвојува од другите. Но, сепак има многу сличности кои не поврзуваат и на кои ние упорно работиме, со цел да направиме подобра општествена средина во која нашите деца ќе творат и живеат- изјави Марина Манојловска директорка во „Браќа Миладиновци“.
За значењето на празникот зборуваше отец Игор Здравковски, од кумановско-осоговската епархија.
Христос на крстот ги рашири рацете за да ги обедини сите, затоа без оглед на вера, нација или какво било идеолошко размислување Христос воскресна за сите“- истакна тој.
На прославата присустуваа претставници од полицијата, основните и средни училишта во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk