Учениците од “Христијан Карпош“ ќе учат математика низ игра

18.11.2014 12:39 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште “Христијан Карпош“ од денеска почнуваат низ игра да учат математика.

Учениците од “Христијан Карпош“ ќе учат математика низ игра

Проектот  е насловен “Од читање до лидерство“ и ќе трае до ноември 2015 година. Во Куманово проектот ќе се спроведува само во “Христијан Карпош“ а во активностите ќе бидат вклучени учениците, наставниците и родителите. Денеска учениците од 1 до 3 одделение со актерите Кети Дончевсак Илиќ и Горан Илиќ, решаваа задачи по математика.

„Преку игра на забавен начин ќе им се олесни учењето математика и читањето. Понатаму се предвидени многу активности меѓу кои ќе има и обука за одделенските наставници, за педагогот, психолот. Пристигната е библиотека на тркала со книги, сликовници, дидактички материјали, така што децата можат да видат со што располага таа, кои книги се достапни за нивна возраст и како можат да ги користат. Од овој проект многу добиваат учениците“ - изјави Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.

Проектот ќе помогне да се подобри успехот, писменоста на учениците и професионалноста на наставниот кадар.

“Дојдовме официјално да ја отпочнеме соработката, но и да направиме една интересна активност со дечињата од нижите одделенија и нивните наставници и родители. Во рамки на нашиот читачки караван имаме за цел да ја подигнеме културата за читање и учење математика„ - рече Ана Димовска од Фондација за културни и образовни иницијативи “Чекор по чекор“.

Овој проект се спроведува во 62 училишта низ цела Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk