Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од здравствената струка- медицински сестри од ОСТУ,,Наце Буѓони"- Куманово, со низа активности го одбележаа Светскиот ден на здравјето.
Во среда во Соколанскиот парк учениците мереа гликемија и крвен притисок, а истовремено спроведоа анкета за животните навики на граѓаните. Вчера на Градскиот плоштад со учениците од деветто оделенците од кумановските основни училишта и волонтери на Црвен крст беа изведени показни вежби за пружање на прва помош. Исто така учениците беа вклучени во акцијата за мерење на шекер од Здружението на дијабетичари“, - соопштуваат од училиштето.
Денеска учениците се во посета на Специјалната психијатриска болница Бардовци, со цел да се запознаат со работните задаци на медицинската сестра и здравствената организација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk