Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од техничкото училиште „Наце Буѓони“ – Куманово земаа учество на фестивалот „Наук није баук”, кој по девети пат се одржа на Електротеничкиот факулет „Никола Тесла” во Ниш, Србија.
На овој фестивал беа претставени 8 труда на учениците од училиштето под мотото „Праксата не инспирира. Примената на науката секаде е околу нас она што ја мотивира и инспирира денешната генерација. Ве чекаме да Ви покажеме што создаде нашата инспирација„.
„Учениците од училиштето креативно работеа и создадоа нови инсталации, изуми, креативни проекти и практични анализи. Се работи за:сортирачка на монети, која селектира и подредува различни монети по големина со рачно управување, CNC машина, која исцртува геометриски 2D форми со движење на степ мотори кои се управуваат со Arduino, анализа на Интернет сообраќај со Wireshark – Софтвер со кој се анализира и тестира Интернет сообраќај, со цел да се види целосниот комуникациски протокол при праќање и примање податоц, виножито ламба, кој менува боја по желба на корисникот од спектарот на виножитото, со помош на smart phone и bluetooth, интерактивен робот, светлосна реклама и други, - соопштуваат од училиштето.
Штандот беше еден од најдобрите и најбогат со трудови на фестивалот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk