Учениците од “Наце Буѓони“ најдобри млади истражувачи

30.04.2013 10:11 | KumanovoNews

 На натпреварот за млади истражувачи на Македонија, кој викендов се оддржа во Штип учениците од Техничкото училиште “Наце Буѓони“ покажаа одлични резултати и се закитија со награди.

Учениците од “Наце Буѓони“ најдобри млади истражувачи

Моника Јовчевска од медицинска струка со трудот “Хидропонија“ освои прво место, Стефан Слободановски од електротехничка струка со трудот “Семафор“ освои прво место, Дарко Петковски од машинска струка со трудот “Движечки механизам“ освои второ место и Иван Младеновски од машинска струка со трудот “Софтвер“ освои трето место.

На овој натпревар учествуваа осум наши натпреварувачи.  Ние како училиште сме многу задоволни од постигнатите резултати, бидејќи оваа година постигнавме подобри резултати во однос на минатата година - објаснуваат од “Наце Буѓони“.

49-от натпревар за млади истражувачи го организира Народна техника.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk