Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од здравствената струка во училиштето “Наце Буѓони“ неодамна ги посетија Специјалната психијатриска болница Демир Хисар, Геронотолошки завод “13 Ноември“ Скопје и Домот за стари “Сју Рајдер“ во Битола.
Целта на овие посети е да се запознаат со работните задачи кои во иднина ги очекуваат како медицински сестри.
“ При посетата на Специјалната психијатриска болница во Демир Хисар освен што се запознаа учениците со работните задачи на медицинската сестра, имаа можност да разговараат со пациентите, да ги препознаат карактеристичните симптоми при болестите. Во одделот за адолесценти се запознаа со лицата кои се зависници од дрога и истите им ги посочија последиците од дрогата“ - рече професорката Ленче Ѓорѓевска Ангеловиќ.
При посета на овие здравствени установи, учениците имаа можност да поразговараат со персоналот и да споделат искуства.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk