Учениците од понеделник на пролетен распуст

26.04.2024 14:59 | KumanovoNews

Основните и средните училишта од понеделник се на пролетен распуст, кој за прв пат се воведува од оваа  учебна година. Распустот ќе започне од 29 април и ќе трае до 6 мај, но и учебната година ќе  трае подолго.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

„Во периодот од 29 април до 6 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, стои во соопштението на Министерството за образование и наука.

Одлуката е донесена кон крајот на јули 2023 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk